• Саше Љолес

Германскиот ракометен гигант, Кил, ја заврши потрагата по засилување за десната бековска позиција. Шпанскиот интернационалец Едуардо Гурбиндо доаѓа во Германија од редовите на Динамо Букурешт и треба да биде големо засилување за четирикратниот европски шампион.
35-годишниот левучар потпиша едногодишен договор и наскоро треба да се приклучи на тимот кој е во екот на летните подготовки, а тренинг-кампот се одржува во австрискиот град, Грац.
Ова за Гурбиндо ќе биде осми клуб во кариерата, а Шпанецот во 2021 година беше дел и од двократниот европски шампион, Вардар. Претходно настапуваше уште за Сан Антонио, Торевиеха, Ваљадолид, Барселона, Нант и Динамо Букурешт.
Македонската публика ќе има можност повторно да го види Гурбиндо кога ќе допатува со екипата на Кил во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Македонскиот шампион Пелистер ќе го пречека германскиот гигант во рамки на Лигата на шампионите.