Екс-вардарецот Горбок во нов предизвик, ќе биде тренер во Русија

Поранешниот ракометар на Вардар 1961, Сергеј Горбок, има нов предизвик во кариерата и ќе биде прв тренер на ракометниот руски суперлигаш Динамо Виктор, инаку прв ангажман за него по крајот на активното играње.

Горбок доаѓа во тимот на Динамо Виктор како замена за Константин Игропуло, кој замина во Барселона да му биде помошник на Ортега. Досега, Горбок беше вклучен во македонската одбојка како тренер, но во ракометот ова е прв предизвик за него.

Горбок е поранешен европски првак со Вардар, а првиот предизвик во татковината ќе го има во Суперкупот на Русија закажан во месец септември.