ВИДЕО: Екс-вардарец со боречки зафат фаулира противник, па се расправаше со судијата!

Екипата на ПИК Сегед забележа елиминација во Лигата на шампионите, откако пласман на завршницата во Келн обезбеди Магдебург, кој во синоќешниот реванш славеше со убедливи 45-37.

Но, средбата во Германија ќе остане запаметена и по прекршокот кој што го направи поранешниот вардарец, Глеб Калараш. Специјалистот во одбраната со боречки зафат фаулираше противник, а потоа откако доби две минути исклучување се објаснуваше на судијата и ризикуваше дури и поригорозна казна.

На негова среќа судијата не ја промени неговата одлука и го остави искусниот ракометар на двеминутно „ладење“.