ФОТО: Екс-вардарците во „прегратка“ – џинот Кристопанс го грабна малиот Скубе

Мешков Брест направи изненадување во Лигата на шампионите и го совлада ѕвездениот Пари Сен Жермен, а ден по натпреварот од Лигата на шампионите, од белорускиот тим ја одбраа фотографијата на средбата која се одигра во Брест.

На истата во дуел беа двајца поранешни играчи на Вардар. Се работи за џинот Даинис Кристопанс и за малиот плејмејкер Сташ Скубе. Мешков „изгина“ за да дојде до победата, а како потврда за тоа е сликата.

Скубе, кој зад себе остави одличен меч, влегуваше храбро со посилните дефанзивци на тимот од Париз и беше во чести дуели со Даинис Кристопанс. Летонецот е висок 214 сантиметри, додека Скубе има 179 сантиметри.

Навистина жесток дуел, мора да се признае...