• Саше Љолес
Српскиот ракометен тренер, Ненад Максиќ, официјално ја презема белградска Црвена Звезда, јави клупската управа.
Поранешниот тренер на Партизан сега ќе работи кај лутиот градски ривал, каде ќе го замени Андреја Вукојевиќ, кој ја напушти Звезда во текот на оваа недела.
Во текот на кариерата, Максиќ во три наврати беше дел од Црвена Звезда, а за овој клуб настапуваше и во 2008 година, кога „црвено-белите“ последен пат ја освоија шампионската титула.
Во текот на тренерската кариера, Максиќ ги предводеше Партизан, Ал-Сад, Ал-Араби, а работеше и во младинските национални селекции на Србија.


