Екс ракометар на Вардар конзумирал кокаин и доби суспензија

Дмитри Кисељев, поранешниот ракометар на Вардар 1961, во следните три месеци ќе биде надвор од ракометните терени, за причината е кокаин.

Рускиот репрезентативец во мај паднал на допинг-тест на натпреварот на неговата ЦСКА Москва и Пермски Медведи, а руската анти-допинг агенција сега откри кои забранети супстанции ги користел ракометарот.

„Концентрација на кокаин е пронајдена по допинг-тестирањето на ракометарот Дмитри Кисељев. Членот на ЦСКА Москва вели дека оваа супстанца ја користел по завршувањето на натпреварувачкиот период“, рече Валерија Герман од руската анти-допинг агенција.

Поради овој скандал Кисељев е суспендиран и од својот клуб ЦСКА Москва.