Екс-ракометар на Металург ја заврши играчката кариера

Црногорскиот ракометар кој своевремено го носеше дресот на Металург, Бранко Канкараш, одлучи да ѝ стави крај на ракометната кариера на 35-годишна возраст и да замине во пензија.

Пивотот како член на Металопластика го одигра последниот дуел и се прости од активното играње по победата над Динамо Панчево (32-25) со која се потврди третото место во српската Аркус лига.

„Драг ракомету, фала ти за се. Имавме многу убави моменти, некои и беа не премногу убави, ама во сите нив имаше интересна приказна. Патот ме водеше преку Кача, Шабац, Нови Сад, Мерсин, Валонс, Истра, Брест, Скопје, Ришон, Белград и на крај повторно Шабац. Секој град има некоја своја приказна и искуство на кое секогаш ќе се сеќавам. Сигурно можеше и подбро, но нема врска. Би истакнал и дека играњето за Црна Гора беше посебна чест, сите кои ме познавате знаете колку мене тоа ми значи. Би ѝ се заблагодарил на целата моја фамилија за поддршката, разбирањето, тренерите, соиграчите и сите кои беа со мене во изминатите 20 години. Сега е време за некои други цели и работи. Поздрав, ракомету мој, фала ти за се“, напиша Канкараш.

Пивотот кој за неколку дена ќе наполни 35 години кариерата ја почна во 2006 година во Југовиќ. Играше и за Металопластика, Војводина, Мерсин, Валенс, Истр, Мешков Брест, Макаби Рижон, Црвена Звезда и Металоплстика, а во Металург беше во 2020 година.