Екс-голманот на Вардар блесна на Супер Глоуб и се најде во идеалниот тим

Магдебург трета година во низа го крена трофејот на неофицијалното Светско клупско првенство во ракомет. Шампионот во финалето на Супер Глоуб го совлада Фуксе Берлин со 34-32. 

По крајот на турнирот беше објавен и идеалниот тим, во кој се најде поранешниот голман на Вардар кој го освои трофејот во Лигата на шампионите, Дејан Милосављев. Српскиот голман блескаше, имаше неверојатна партија и во финалето, ама не успеа да го поведе тимот до победата.

  • Идеален тим на Супер Глоуб:

Голман: Дејан Милосављев
Крила: Ханс Лидберг, Дилан Наи
Бекови: Ласе Андерсен, Омар Инги Магнусон, Јанус Смарасон
Кружен напаѓач: Лус Фраде

До трофејот во финалето Магдебург дојде по продолжение и со минимална разлика.