• Горан Упале
Црногорскиот репрезентативен голман Никола Матовиќ потпиша нов едногодишен договор со шведскиот клуб - Амо.
Поранешниот член на Струга, на маса имал четири понуди, од клубови кои следната сезона ќе играат со Европа, но по одличната сезона реши да не менува средина и остана во Шведска, каде беше прогласен за голман на сезоната, а воедно беше и најзаслужен за влезот на Амо во елитата.
„Се чувствувам навистина добро тука и решив да останам уште една сезона. Клубот расте, имаме големи амбиции за следната сезона, значително се засиливме, затоа верувам во добар резултат“, рече Матовиќ.
Голманот нема да биде единствениот Црногорец кој ќе настапува за Амо следната сезона, затоа што за клубот потпиша Васко Шеваљевиќ, кој исто така во минатото настапуваше во Суперлигата, носејќи го дресот на Вардар.