Ејлерс е еден ден постар од Лазаров и стана највозрасен играч на ЕП 2022

Кирил Лазаров немаше среќа и се повреди непосредно пред почетокот на Европското првенство 2022. Македонскиот селектор беше најстар регистриран играч за турнирот во Словачка и Унгарија.

Меѓутоа дуелот меѓу Холандија и Франција донесе ново име на врвот на таа листа. Тренерот на голманите на „лалињата“, Гери Ејлерс, доби шанса поради ковид-проблемите и стана највозрасен ракометар на шампионатот.

Холанѓанецот е роден на деветти мај, што значи дека е еден ден постар од македонската ракометна легенда.

Франција им одржа лекција на холандските ракометари и покажа дека одново атакува на медал на европскиот собир.