ЕХФ верува во публика: Од утре во продажба билети за дуелите на Македонија!

Ракометната репрезентација на Македонија, денес ги доби ривалите и термините за настапот на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Среќата посака, момците на Кирил Лазаров да вкрстат со Данска, Словенија и Црна Гора, а веќе е познато дека ќе играат во „Фоникс Хол“ во Дебрецен, Словачка. 

Интересно, и покрај ковид-рестрикциите и глобалната пандемија, ЕХФ веднаш по ждрепката реши да ги пушти во продажба билтетите за Континенталниот собир. Веќе достапни за купувачите се билети за дуелите во Будимпешта, Кошице и Братислава, додека оние кои ја интересираат македонската јавност, за Дебрецен ќе може да се купат од утре, исто како и билети за дуелите во Сегед. 

Веќе се познати и цените за влезниците на натпреварите во Дебрецен. Дневната карта, за еден натпревар на Македонија и уште еден од групата ќе чини од 14 до 89 евра, додека билет за сите три дена од групата ќе фигурира по цени од 37 до 247 евра за ВИП деловите. 

Македонија е позната токму по публиката, наши фанови патувале и многу подалеку од Словачка, па нема сомнеж дека ако нема ковид-рестрикции, голем дел од трибините ќе бидат обоени во црвено и жолто.