ЕХФ: Вардар претходно преживеа егзодус, знае како до титулата

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги објави петте најискусни тима во Лигата на шампионите оваа сезона, а меѓу нив е европскиот и македонски ракометен првак Вардар.

„Црвено-црните“ се најдоа на петтото место. Од ЕХФ велат дека тешко може да се верува дека македонскиот тим може да ја освои ЛШ, но истовремено потенцираат дека и претходно кога се потценил овој тим, успеал да дојде до невозможното.

„Може ли да направиш нешто подобро отколку двапати да ја освоиш титулата во ЛШ во последните три години? Тешко. Тимот мораше да биде граден од ново ова лето, откако дојде и нов тренер, Роберто Гарсија Парондо. Клучни играчи како Игор Карачиќ и Дејан Милосављев си заминаа од Вардар. Но, тоа како да не го плаши никого во Скопје. Вардар претходно преживеа егзодус. Знае како да ја освои титулата“, велат од ЕХФ.

Лидер на листата на најискусни тимови е француски ПСЖ, а потоа следат Веспрем, Барселона и Киелце.