ЕХФ „удри“ по џебот на Неагу заради грубите зборови кон судиите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја казни најдобрата романска ракометарка на сите времиња, Кристина Неагу, поради однесувањето и грубите зборови кои ги упати кон судиите на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите минатата сезона меѓу нејзиниот клуб ЦСМ Букурешт и Есбјерг.

Казната изнесува 4.000 евра, а половина од сумата е условна доколку слично однесување се повтори и во следната година.

Капитенот на ЦСМ Букурешт беше незадоволна од арбитражата на натпреварот во кој нејзиниот тим беше поразен, а потоа и елиминиран од четвртфиналето на Лигата на шампионите.