ЕХФ со нова ждрепка за Македонија ја исправи големата грешка!

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) направи грешка при влечењето на двојките за баражот за Светското првенство (СП) во 2027 година, но брзо се поправи.

Грешката влијаеше на Македонија. Нашиот национален тим прв беше извлечен од првиот сад, наместо прво да биде влечен тим од вториот шешир.

Заради тоа ждребање, Македонија го доби реваншот да го игра како гостин, нешто што е против правилникот, затоа што носителите секогаш имаат предност за реванш на домашен терен.

Од ЕХФ брзо се поправија, па Македонија ќе го игра првиот бараж дуел на гости во мај, а потоа следи реванш пред своја публика. Ривал на Македонија ќе биде победникот од дуелот меѓу Украина и Словачка.