ЕХФ пушти срце: Новата ЛШ од 2020 ќе носи многу повеќе пари!

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) од наредната сезона ќе го зголеми наградниот фонд во Лигата на шампионите и сите учесници ќе добиваат пари и воедно победникот ќе биде двапати повеќе награден во однос на лани.

Дански „Спорт ТВ2“ пишува дека ЕХФ се решила на ваков потег, по промената на форматот од сезоната 2020/21 и кратењето од 28 на 16 тима. 

Секој тим ќе добива по 30.000 евра за секој гостински меч во групите, плеј-офот и четвртфиналето. Ќе се добива и по 5.000 евра за поени во групната фаза. Во плеј-офот поени ќе носат 7,500 евра, додека победа во четвртфиналето ќе носи 10.000 евра.

30.000 евра ќе добијат најдобрите две екипи во секоја група. Секој учесник на Ф4 ќе добие по 50.000 евра. Воедно, учесниците на завршницата во ЛШ ќе поделат вкупно 800.000 евра, а победникот ќе добие премија од еден милион евра.

Од учесниците на Ф4 и гореспоменатите 800.000 евра, второпласираниот ќе добие 38,3% од сумата, за третопласираниот ќе има 33,3% од средствата, додека четвртопласираниот на завршницата ќе добие 28,3% од премијата.

Покрај кај мажите, зголемување на премиите ќе има и кај дамите.