ЕХФ повторно не верува во ново чудо на Вардар во ЛШ!

Како и пред секоја сезона во минатото, така и пред оваа, Европската куќа на ракометот објавува ранкинг на екипите кои имаат најголеми шанси да стигнат на завршниот турнир и да ја освојат Лигата на шампионите.

Ниту пред стартот на оваа сезона експертите и стручните лица во ЕХФ не веруваат во Вардар дека поседува квалитет да се замеша околу освојување на eвропската титула. 

Така беше и лани, Вардар беше потценет и речиси никој да не веруваше дека може да стигне до Келн, а сепак македонскиот тим го докажа спротивното и по вторпат го подигна најпрестижниот ракометен трофеј.

Во овосезонската листа Вардар се наоѓа на седмата позиција, според шансите за освојување на Лигата на шампиините. Можеби заминувањата на Парондо, Милосављев, Мораеш и Карачиќ го направија тоа, но европскиот шампион лани го докажа спротивното и направи нов голем подвиг во европската елита.