ЕХФ потврди: Ракометарите на ЕП само со вакцина или прележан ковид!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го потврди протоколот за организација на Европското првенство кое ќе се одржи во јануари 2022 година. 

  • Целосниот протокол на Европската ракометна федерација (ЕХФ): 

Како што се најавуваше, право за настап ќе имаат само ракометарите кои се целосно вакцининраи против коронавирусот или пак го имаат прележано вирусот во претходниот период. Покрај тоа, ЕХФ потврди дека турнирот нема да биде во форма на „балон“, туку играчите и стручните штабови ќе смеат да ги напуштаат хотелите. 

Сите играчи и членови на експедициите ќе бидат тестирани регуларно за ковид-19 на секои два дена. Доколку се случи некој од таборот да е позитивен, сите заминуваат во изолација. Сепак, доколку се потврди дека останатите се негативни ќе добијат дозвола за враќање во натпреварувањето. 

Репрезентацијата на Македонија ќе се натпреварува во групата А која е закажана за во Дебрецин. Избраниците на Лазаров ќе се судрат со Данска, Словенија и Црна Гора. Европското првенство стартува на 13 јануари, а Македонија со Словенците ќе игра на отворањето во 18:00 часот.