ЕХФ потврди: Еурофарм во Битола ќе ги игра натпреварите во ЛШ!

Екипата на Еурофарм Работник забележа историски успех во ланската сезона на Суперлигата и како вицешампион на Македонија доби место во елитата на ракометна Европа.

Битолскиот тим за првпат во својата историја ќе биде дел од Лигата на шампионите, но ова лето наиде на сериозни проблеми поврзани со условите во салата „Боро Чурлевски“. При првата инспекција од страна на ЕХФ беа забележани низа недостатоци во салата, но истите се надминати и битолчани пак ќе бидат во можност да гледаат врвен ракомет во својот храм. 

Реконструкцијата на битолската сала е во завршна фаза. Поставени се нови светла, санитаријата на јужната трибина е целосно реновирана, а наскоро се очекува да биде поставен и вториот семафор, со што сите недостатоци на кои алудираа од ЕХФ ќе бидат реализирани. 

Еурофарм против Спортинг ќе се сретне на 15 септември, а претходно во истата сала ќе го пречека тимот на Спартак Москва во рамки од првото коло на СЕХА лигата. 

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 10 6 3 1 297:246 51 15
2 СпортингСпортинг 1 10 6 2 2 309:266 43 14
3 СавехофСавехоф 1 10 6 0 4 268:278 -10 12
4 Татран ПрешовТатран Прешов 1 10 3 1 6 260:279 -19 7
5 КоксКокс 1 10 3 0 7 239:290 -51 6
6 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 3 0 7 265:279 -14 6