ЕХФ очекува блесок на асот на Металург: Додиќ дел од ракометарите кои би „експлодирале“ во иднина

Стефан Додиќ одигра одлична полусезона во редовите на Металург и како награда за тоа е повикан за деби-настап за српската ракометна репрезентација. Но, младиот бек доби уште едно големо признание, овој пат од страна на Европската ракометна федерација. 

ЕХФ го смести членот на Металург меѓу седумте млади ракометари од кои се очекува да блеснат на претстојните квалификациски натпревар за ЕП 2022 година. Така, Додиќ се најде во друштво на  Николај Лесо (Алборг), Домен Макуц (Барселона), Јанис Лене (Монпелје) Емил Нилсен (Нант), Јури Кнор (Минден) и Оскар Сунефелт (Кил).

17-годишниот среден бек на Металург својот талент ќе има шанса да го покаже на претстојните квалификациски дуели за ЕП 2022 година, на кои Србија ќе се судри со Грција и Франција.