ЕХФ не простува: Втора казна за Киелце и Висла Плоцк

Европската ракометна федерација ги казни по вторпат полските тимови Киелце и Висла Плоцк поради тоа што не го покриваат логото на спонзорите врз дресовите додека играат натпревари од Лигата на шампионите.

ЕХФ има нов спонзор од нафтената индустрија „Норд Стрим 2“, а главни спонзори на полските гиганти се ПГЕ Виве и Орлен, па имаат конфликт на интереси. Европската куќа на ракометот веќе еднаш ги казни двата тима, а ова е втора опомена.

Трите страни потоа имаа преговори и беше договорено да бидат редизајнирани дресовите, односно Киелце и Висла да го имаат логото на спонзорот на ЕХФ, а да бидат покриени оние на Виве и Орлен.

Тоа важи само за домашните мечеви, а ЕХФ останува на ставот дека на гостинските мечеви на полските тимови, мора да го има само логото на Норд Стрим. За прекршокот Киелце и Висла ќе треба да му платат на ЕХФ казна од 12,5 илјади евра.