ЕХФ направи промена на терминот за дуелот меѓу Порто и Вардар

ЕХФ во соработка со домаќинот на натпреварот, екипата на Порто, направи измена на саатницата на одигрувањето на натпреварот со Вардар, информираат од редовите на македонскиот шампион.

Средбата е закажана за 22 февруари 2020 година. Новиот термин на одигрување на натпреварот е 16:00 часот. Овој меч е од 13. коло во Б групата од Лигата на шампионите, а португалскиот првак ќе сака одмазда за поразот во Скопје од 32-27.

По десет одиграни кола во ракометната елита Вардар е на шестата позиција на табелата со девет освоени бода, додека Порто е едно место погоре со десет бода. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4