• Иван Димовски

Македонските клубови во машка и женска конкуренција ги дознаа ривалите во Европскиот Куп на ЕХФ.
Европската ракометна федерација на ждрепка во своите простории во Виена ги одреди сите парови за второто коло во Европскиот Куп на ЕХФ кај дамите. Македонија тука има два претставници во имињата на финалистот на Купот - ЖРК Чаир и ЖРК Металург. Чаирчанки беа носителки во извлекувањето, а Металург во подредена улога.
Среќата посака ЖРК Чаир да налета на противник од Луксембург, додека ЖРК Металург ќе игра против еден од најдобро рангираните тимови.
Парови на македонските женски клубови во ЕХФ Купот:
ЖРК Чаир - Керјенг
Гореле БСК - ЖРК Металург
Натпреварите во Европскиот куп стартуваат во октомври. Првите натпревари се играат на 5/6, додека реваншите на 12/13 октомври. Двата наши клуба прво ќе играат на гости, па возвратните дуели на домашен терен.