ЕХФ Куп жени: Аутсајдер за Металург, нешто потешки ривали за Чаир и Куманово

Македонија ќе има дури четири претставници во женскиот Европски куп на ЕХФ. Шампионот Ѓорче Петров е единствен кој ќе игра директно во третото коло, додека во второто ќе настапат останатите три претставници: Металург Автокоманда, Чаир и Куманово. 

Поради резултатите Металург ждрепката ја дочека од првиот шешир и можеше да налета на домашен ривал, но го доби Ред Бојс Диферданж од Луксембург. Од друга страна Чаир и Куманово добија нешто потешки противници од Словенија и Литванија.

  • Противници на македонските екипи во ЕХФ Купот:

Металург Автокоманда - Ред Бојс Диферданж (Луксембург)
Ајдовшчина (Словенија)  - ЖРК Чаир
Каскада (Литванија) - ЖРК Куманово

Првиот меч на домашен терен ќе го одигра Металург, додека Чаир и Куманово гостуваат кај своите ривалки.

Натпреварите од второто коло ќе се одиграат на 27/28 септември, додека реваншите на 4/5 октомври.