ЕХФ Куп: Пелистер патува за Косово или Швајцарија, Бутел ќе налета на Запорожје или Лондон

Екипите на Пелистер и Бутел како носители ја дочекаа денешната ждрепка на ЕХФ Купот и ги дознаа своите можни противници во втората рунда од ова натпреварување. 

Бутел своето деби на европска сцена ќе го има против победникот од дуелот од првото коло меѓу Запорожје и Лондон, додека Пелистер новата авантура надвор од нашите граници ќе ја започне во Косово или Швајцарија, во зависност кој ќе победи на дуелот од првото коло меѓу Беса и Винтертур.

Првите натпревари се играат на 6 или 7 октомври, додека реваншите се една седмица подоцна.

Македонија има и трет претставник во ЕХФ Купот, но Металург беше сместен директно во третото коло и противникот ќе го добие на 15 октомври. 

Бутел Скопје веќе со засилено темпо работи на екипирање на играчкиот кадар за новата сезона и доведе неколку големи засилувања, додека ситуацијата во Пелистер е „статус-кво“, односно се чека на одлуката на Советот на Општина Битола, дали клубот ќе биде продаден на Еурофарм.