ЕХФ Куп: Металург директно во трето коло, Пелистер и Бутел носители во втората рунда! 

Македонија како никогаш досега ќе биде претставена од три екипи во второто по ранг европско ракометно натпреварување, ЕХФ Купот. По ланското учество на Еурофарм Работник и играњето во групната фаза, во новата сезона екипите на Пелистер, Металург и Бутел Скопје ќе го бркаат успехот на „фармацевтите“ во ова натпреварување. 

Во најповолна ситуација е поранешниот шампион Металург, кој на денешната распределба беше сместен да игра во третото квалификациско коло, последно пред групната фаза, додека Пелистер и Бутел ќе стартуваат од второто коло, а ќе бидат носители во ждрепката. 

Македонските екипи своите противници ќе ги дознаат за една седмица, кога ќе се одржи ждрепката во Виена.