ЕХФ Куп: Кил против Холстебро, бранителот на титулата ќе биде предизвикан од Порто

Порто ракомет

Завршниот турнир на ЕХФ Купот оваа година ќе се одржи во „Шпаркасе Арена“ во Кил.

Денес беа извлечени полуфиналните двојки од кои ќе бидат познати двата финалисти. Домашниот тим ќе се сретне со дански Холстебро, а Фуксе Берлин ќе го предизвика Порто во второто полуфинале.

Полуфинални парови, ЕХФ Куп 2018/19:

  • Холстебро - Кил
  • Фуксе Берлин - Порто

Двата меча во полуфиналната фаза ќе се одиграат на 17 мај, мечот за трето место и големото финале се закажани на 18 мај.

Титулата од минатата сезона ја брани екипата на Фуксе Берлин.