ЕХФ го отпиша Вардар, го гледа како седми фаворит за титулата во ЛШ

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите ги одреди фаворитите за европската титула, а актуелниот бранител Вардар го смести дури на седмото место.

Повторно од ЕХФ како клуч за овој ранкинг ги гледаат трансферите на македонскиот тим и заминувањето на тренерот Роберто Гарсија Парондо. Истовремено се вели дека Вардар никогаш не смее да се отпише, а првите седмици од сезоната ќе кажат многу околу тоа како тимот ќе изгледа и кои ќе бидат целите.

Лидер на листата на ЕХФ е Веспрем, а потоа следат Барселона, ПСЖ, Кил, Киелце, ПИК Сегед, Флензбург, Монпелје и Мешков Брест.

Новата сезона во Лигата на шампионите македонскиот тим ја стартува со гостување кај француски Монпелје.