ЕХФ го измени распоредот за ЛШ: Еурофарм Пелистер почнува со Загреб во Битола!

Еурофарм Пелистер ја доби групата за претстојната сезона во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион влета во групата Б и ќе се судри со Висла Плок, Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме, Магдебург, ПИК Сегед и Загреб

Според извлекувањето и по редните броеви преку бергеровиот систем е направен и официјалниот распоед. Според него, Еурофарм Пелистер на стартот ќе тргне со меч против Загреб на домашен терен, а во второто коло ќе гостува кај францускиот ПСЖ. Овој распоред е измена на претходниот, во кој битолчани требаше да почнат против ПСЖ на домашен терен, па да гостуваат во Барселона. 

  • Официјален распоред за македонскиот првак во ЛШ: 

1. коло: Еурофарм Пелистер - Загреб (10/11 септември 2025)
2. коло: ПСЖ - Еурофарм Пелистер (17/18 септември 2025)
3. коло: Еурофарм Пелистер - ГОГ Гудме (24/25 септември 2025)
4. коло: Висла Плоцк - Еурофарм Пелистер (08/09 октомври 2025)
5. коло: Еурофарм Пелистер - Барселона (15/16 октомври 2025)
6. коло: Магдебург - Еурофарм Пелистер (22/23 октомври 2025)
7. коло: Еурофарм Пелистер - ПИК Сегед (12/13 ноември 2025)
8. коло: ПИК Сегед - Еурофарм Пелистер (19/20 ноември 2025)
9. коло: Еурофарм Пелистер - Магдебург (26/27 ноември 2025)
10. коло: Загреб - Еурофарм Пелистер (03/04 декември 2025)
11. коло: Еурофарм Пелистер - Висла Плоцк (18/19 февруари 2026)
12. коло: ГОГ Гудме - Еурофарм Пелистер (25/26 февруари 2026)
13. коло: Еурофарм Пелистер - ПСЖ (04/05 март 2026)
14. коло: Барселона - Еурофарм Пелистер (11/12 март 2026)

Осминафинале:
01/02 април и 08/09 април 2026

Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026

„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026

Европската ракометна федерација (ЕХФ) направи мали промени во официјалниот распоред поради телевизиските права, дерби натпреварите и слично.