• Саше Љолес
Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално го најави „кам-бекот“ на Вардар 1961 во Лигата на шампионите.
Двократниот европски првак повторно се враќа на најголемата сцена, а ЕХФ потсети на најдобрите денови, кога вардарци двапати се искачија на покривот на Европа и оставија силен белег во елитното натпреварување.
Амбициите на Вардар се секогаш високи, а армијата навивачи на „црвено-црните“ сигурно се надева на нови успеси и што „подлабоко“ патување во Лигата на шампионите.
Во објавата стои „Дали Вардар е подготвен повторно да ја изненади Европа“?, алудирајќи на најславните денови во историјата на македонскиот ракометен шампион.
