ЕХФ го казни Киелце за неспортско однесување и навреди кон Вардар!

Полскиот ракометен првак Киелце ќе плати казна на адреса на Европската куќа на ракометот (ЕХФ) поради неспортско однесување на натпреварот против Вардар кој во рамки на Лигата на шампионите се одигра во октомври.

Спортскиот суд на ЕХФ донесе одлука Киелце да плати казна од 5.000 евра поради неспортско однесување на играчите и официјалните лица за време на средбата, а исто така тимот доби и додатна казна од 2.500 евра поради лошо обезбедување. Казна од 7.500 евра ќе се плаќа и за недоличен и навредлив банер, со идеолошка порака, истакнат од страна на навивачите.

Санкции доби и Вардар, кој мина со казна од 6.000 евра, поради неспортско однесување на играчите и стручниот штаб, а истовремено се зема предвид и дека ракометар кој бил суспендиран, ги напуштил трибините и се обидел да влезе на терен за време на меѓусебно кошкање на двете екипи.

Од ЕХФ велат дека двата клуба може да поднесат жалби за одлуката во наредните седум дена.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3