ЕХФ го избра Филип Кузмановски меѓу играчите кои ќе го одбележат овогодишниот ЕХФ Куп

Македонскиот репрезентативец и член на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски, најде место меѓу најдобрите 30 ракометари во ЕХФ Купот.

Групната фаза во второто по ранг натпреварување во Европа започна изминатиот викенд, а средниот бек на македонскиот претставник беше еден од подобрите во поразот кај Хановер.

22-годишникот од Битола постигна четири гола, но одушеви со прекрасните асистенции до своите соиграчи кои им помогнаа на „фармацевтите“ да држат резултатски приклучок до самиот крај.

Во второто коло оваа сабота, битолскиот прволигаш ќе ја пречека екипата на Татабања, која на дебито минимално загуби на домашен терен од Нексе Нашице.

За да гласате за Кузмановски посетете го следниот ЛИНК.

Најнови вести од
EХФ Куп (М)