ЕХФ го исфрли и замени ланскиот четвртфиналист од Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека Лудвигсбург следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите за дами. Местото на германскиот клуб ќе го заземе норвешка Сола.

Одлуката е донесена откако привремениот стечаен управник на Лудвигсбург ја информирал ЕХФ дека клубот не може да обезбеди доволно средства за настап во елитното натпреварување. Во изминатите денови, ЕХФ воспостави контакт со Сола, клуб веќе имаше поднесено барање за унапредување во Лигата на шампиони. Норвежанките сега ќе го преземат местото на Лудвигсбург во групата Б.

Дополнително, ЕХФ ќе поведе правна постапка против клубот Лудвигсбург, како и против Германската ракометна федерација и женската ракометна лига на Германија, поради прекршување на правилата за регистрација.

Што се однесува до Европската лига, каде што Сола првично беше распоредена во групната фаза, ЕХФ најави дека системот на натпреварување ќе биде адаптиран и дополнително соопштен.

ФОТО/PHOTO: HB Ludwigsburg/Twitter