ЕХФ ги објави „среќниците“ кои идната сезона ќе играат во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и официјално ги соопшти екипите кои што следната сезона ќе се натпреваруваат во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите.

Во пресрет на ждрепката за новата сезона, познати се сите екипи кои ќе се борат за најпрестижниот трофеј во европскиот ракомет, поточно се објавија „среќниците“ кои што добија „вајлд-карта“.  Тоа се ППД Загреб, Алборг, Нант, Веспрем, Елверум, Висла Плок и Целје Пивоварна Лашко.

Овие екипи ќе им се приклучат на ГОГ Гудме, Барсeлона, Пари Сен Жермен, Магдебург,  Кил, Пик Сегед, Киелце, Порто и Динамо Букурешт. Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите е закажана за први јули.

Поради добро познати причини, Македонија по повеќе од дваесет години нема да има свој претставник во елитата.