ЕХФ ги награди Митревски и Стоилов со место во „дрим-тимот“ во ЛШ

Екипите на Порто и Вардар, синоќа запишаа големи победи во Лигата на шампионите, а најголеми заслуги за тоа одат на сметка на македонските репрезентативци Никола Митревски и Стојанче Стоилов.

Двајцата имаа блескави партии во дресовите на своите клубови, а ЕХФ не ги заборави и ги „почести“ со место во „дрим-тимот“ на колото во Лигата на шампионите. 

Митревски против ПИК Сегед собра 15 интервенции, а притоа ја имаше и најатрактивната одбрана на колото, додека капитенот на Вардар против Флензбург реализира за него рекордни осум гола во елитата, а неговата „шрауба“ доби место меѓу најубавите голови во оваа фаза. 

  • Погледнете го комплетниот „дрим-тим“ на колото во ЛШ:

Митревски и Стоилов следниот викенд ќе имаат меѓусебен судир, затоа што во рамки од петтото коло на Лигата на шампионите, Порто гостува во Скопје.