• Горан Упале

На синоќешната церемонија која што ја организираше Европската куќа на ракометот (ЕХФ) беа објавени имињата на ракометарот и ракометарката кои ја одбележаа минатата сезона.
Данскиот голман Емил Нилсен е прогласен за најдобар ракометар (МВП) на минатата сезона. Членот на Барселона, кој и оваа сезона брани во неверојатна форма во овој избор зад себе ги остави Дика Мем и Магнус Саугструп.
Во женска конкуренција за најдобра ракометарка на сезоната беше прогласена Стине Офтедал Дамке од Норвешка. Легендата на норвешкиот женски ракомет во јули, по Летните Олимписки Игри во Париз ѝ стави крај на својата богата кариера во која освои голем број престижни трофеи – како на репрезентативен, така и на клупски план. Нејзина конкуренција во овој избор беа бек Стине Офтедал Дамке.
Инаку, на „EHF Excellence Awards 2024“ во Виена присуствуваше нашата ракометна легенда Индира Кастратовиќ кој беше почестена со влез во „Куќата на славните“.