ЕХФ: Фан-базата на Вардар е супериорна и во победа и во пораз!

Вардар и покрај „црниот“ период и заминувањето на неколку играчи поради неисплатени плати, го прегази Мотор од Запорожје (38-28) и „чекираше“ место во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Иако не беше преполна до последно место, како што се случува против најсилните екипи, Спортскиот центар „Јане Сандански“ беше на висина на задачата и со расположливите средства го водеше Вардар во тешките моменти. 

Признание за навивачите, пристигна и од ЕХФ, чиј медиа тим објави видео посветено за „црвено-црната“ армија. 

„Во тешки моменти, најважна е поддршката од фановите, тогаш доаѓа до израз помошта на фановите. Фан базата на Вардар е на ниво во тој поглед, го држи тимот во добри, но најважно и во лоши времиња. Каква атмосфера во Македонија, само уживајте“, објави ЕХФ.

До крајот на групната фаза на Лигата на шампионите, Вардар во Скопје ќе го пречека уште францускиот Монпелје.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4