ЕХФ Европски Куп: Ѓорче носител, можно македонско дерби во второто коло

Откако денес Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди четирите македонски претставници во Европскиот Куп во женска конкуренција. Со оглед на рејтингот, само нашиот шампион ЖРК Ѓорче Петров е носител во ждрепката, а останатите три претставници ЖРК Чаир, ЖРК Металург и ЖРК Куманово се во групата на неносители.

Теорески гледано дури и постои можност за македонско дерби во второто квалификационо коло. 

Носители: 

ЖРК Ѓорче Петров (Македонија), Цуг (Швајцарија), Атцгерсдорф (Австрија), Макаби Рамат (Израел), Дикен (Финска), Кобержице (Полска), Бјала (Бугарија), Латција (Кипар), Хихон (Шпанија), Наиса Ниш (Србија), Анталија Коњалти (Турција), Бриксен (Италија), ПАОК (Грција), Бенфика (Португалија), Валур (Исланд), Х71 (Фарски Острови), Хувента Михаловце (Словачка), Квинтус (Холандија), Салерно (Италија), Јонијас (Грција), Груде (Босна и Херцеговина), Луги (Шведска), Каерјенг (Луксембург), Азераил (Азерџејбан), Истогу (Косово), Славија Прага (Чешка)

Неносители: 

ЖРК Куманово (Македонија), ЖРК Металург (Македонија), ЖРК Чаир (Македонија), Штокерау (Австрија), Борац (Босна и Херцеговина), Понтинија (Италија), Каматеру (Грција), Јенимале (Турција), Анагениси Артас (Грција), Вествиен (Австрија), Сан Педро Сул (Португалија), Дуделанж (Луксембург), Феризај (Косово), Јарослав (Полска), Елче (Шпанија), Мадеира (Португалија), КА Тор (Исланд), Дунајска Стреда (Словачка), Винтертур (Швајцарија), Холон (Израел), Унирек (Холандија), Местрино (Италија), Пилаја (Грција), Алавариум (Португалија), Вестманејар (Исланд), Вестфрисланд (Холандија), Ферлах (Австрија)

Ждрепката за Евртопскиот Куп на ЕХФ закажана е за 19 јули во 13:00 часот.