Египќанецот Абду е најновата аквизиција на „светците“ од Париз

Францускиот гигант, ПСЖ, потврди дека потпиша договор со египетскиот репрезентативец Абделрахман Абду, кој пристигнува од редовите на Ал-Ахли. 

„Светците“ од Париз со задоволство го објавија трансферот, а договорот за Абду е со важност до истекот на следната натпреварувачка сезона, 2025/26. 

Се работи за искусен лев бек, од кого се очекуваат одлични партии во домашното првенство и во Лигата на шампионите.