Египетските тимови убедливи на стартот на Светското клупско првенство

Египетските тимови Ал-Ахли и Ел-Замалек тргнаа на Светското клупско првенство со убедливи победи. 

Ал-Ахли го декласира австралискиот ривал Сиднеј Универзитет со огромни 15-49 (6-20). Ривалот од земјата на кенгурите не беше дораснат за фаворитот од Египет кој уште на полувреме имаше огромна предност. Во продолжението само Ал-Ахли ја надополни победата над аутсајдерот и впиша огромен триумф. 

Од друга страна, Ел-Замалек нешто повеќе се измачи против Таубате и на крајот слави „само“ со 25-30. Сепак, египетскиот тим го надигра противникот, имаше во еден момент во вториот дел и 16 гола предност, но на крајот се опушти и дозволи Бразилците да запишат поприфатлив триумф.