ВИДЕО: Египет на нозе, незаборавен дочек за златните момчиња од СП во Скопје! 

Трофеј си е трофеј, светски шампион си е светски шампион, па макар и во кадетска категорија. 

Денес Каиро беше на нозе, а главни „виновници“ за тоа се младите ракометари на Египет, кои пред неколку дена триумфираа на Мундијалот за кадети во Скопје. 

Еуфоријата од аеродромот во Каиро се префрли и на улиците ширум градот и огромен број на фанови им приредија незаборавен дочек на на златните момчиња. 

Во големото финале на собирот во Скопје, Египет ги изненади големиот фаворит Германија, победувајќи го со 32-28.