• Мартин Танасковски
Едуард Кокшаров, некогашниот тренер и член на раководството на РК Вардар, има нов ангажман и ќе работи во родната Русија каде ќе раководи со еден од најпопуларните женски ракометни колективи.
Некогашната светска ракометна ѕвезда ќе го води Ростов-Дон. Тренерското место во шампионот на Русија остана празно откако шведскиот стратег Пер Јохансон си замина од работното место поради конфликтот кој започна меѓу Русија и Украина. Инаку, Ростов-Дон е тим од родниот град на Сергеј Самсоненко, некогашниот сопственик на Вардар.
Тренерската кариера на Кокшаров започна во 2014 година во Краснодар, па следеше заминување во тимот на Вардар каде прво работеше како спортски директор во 2016, а потоа во еден период три месеци беше и привремен тренер.
Кокшаров како стратег доби искуство и во женскиот тим на Вардар кого го водеше на Ф4-турнирот во Будимпешта, исто така беше и селектор на Русија од 2017 до 2020 година.