• Зоран Мишевски
Се наговестува голема драма и израмнет дуел меѓу Македонија и Португалија. По првите триесет минути нашиот национален тим заостанува за два гола зад четвртата сила од последниот Мундијал (13-15).
Лазаров ги врати Митревски и Пешевски во ростерот, а почна со Велковски, Џонов, и Стојковиќ во стартната седморка. Мечот добро го отвори Митревски, а првите наши голови еба дело на Велковски и Кузмановски. На ентузијазамот на нашиот голман и неговите одбрани, следеа голови на Велковски и Стојковиќ за 4-2 во шестата минута. Сепак, следеше исклучувањето на Стојковиќ и голови на Мартин Коста за израмнување во десеттата минута (4-4).
Полека се разиграа Кузмановски и Митев и Македонија одржуваше минимална предност. Сепак, Кико Коста и Итуриза на празен гол погодија за португалски пресврт (6-7). На половина од првиот дел Никола Маркоски доби црвен картон, заради опасен прекршок врз Кико Коста. Павле Атанасијевиќ и Ненад Костески не реализираа од чисти позиции, но затоа Џонов погоди за 9-9 и тајм-аут на Оливеира во 19. минута. Пешевски изнуди седмерец, а Кузмановски го реализира и ја врати нашата предност (10-9).
Во игра гол за гол, но и со многу грешки во завршната фаза, Македонија на одмор замина со заостанување од два гола (13-15). Лоша вест е што се повредија нашите две леви крила, Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов, и Аларов го заврши првиот дел на невообичаена позиција.
Најефикасeн во македонската репрезентација по првиот дел беше Филип Кузмановски со шест гола, а кај Португалија се издвоија Виктор Итуриза и Кико Коста со по три погодоци.





