Едно име отпадна, Македонија со 16 ракометари заминува во Турција

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, се соочи со први проблеми, непосредно пред заминувањето за Ешкишехир, Турција, каде ќе се играат пријателски натпревари во рамки на ЕХФ-неделата.

Први главоболки за предводникот на А-тимот е повредата на пивотот Милан Лазаревски. Членот на Металург нема да може да му помогне на националниот тим, затоа што чувствува болки во зглобот.

Поради краткото време, нема да има нов ракометар во ростерот за дуелите со Турција и Италија во Ешкишехир. Така, Македонија на располагање ќе има 16 имиња во ростерот.