ФОТО: Еднаш вардарец, засекогаш вардарец – Карачиќ пак го доби „светиот дрес“!

Хрватскиот среден бек Игор Карачиќ се врати во Скопје и ќе игра против Вардар како член на Киелце, но и покрај тоа доби незаборавни овации.

Карачиќ е вардарова легенда, а публиката и соиграчите не заборавија што тој направи во „црвено-црниот“ дрес.

За време на претставувањето тој доби овации, а потоа, целата сала го скандира неговото име додека добиваше подарок од капитенот на Вардар, Столе Стоилов.

Се работи за „светиот дрес“ на Вардар, како што го нарекуваат неговите навивачи. Карачиќ уште еднаш покажа дека кој еднаш станал вардарец, засекогаш во душата останал „црвено-црн“.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4