ВИДЕО: Еднаш пелистерец, секогаш пелистерец – овации за Мараш во Битола!

Дојде како тинејџер и голема ракометна надеж, а по само пет години направи трансфер на кариерата и вечерва во дресот на ПСЖ се врати во Битола. 

Матео Мараш две сезони со успеси настапуваше за Еурофарм Пелистер, и во тоа време беше еден од најомилените ракометари на битолската публика. Потоа направи трансфер во Татабања, а минатото лето се пресели во еден од најдобрите европски клубов – ПСЖ.

Вечерва, хрватскиот бек за првпат се врати во Битола и очекувано  - доби овации од битолската публика.