• Мартин Танасковски

Поранешната ракометна ѕвезда на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ, најави дека оваа сезона ќе ѝ биде последна во кариерата и дека следното лето и официјално ќе му каже збогум на ракометот.
Црногорската репрезентативка има извонредна кариера во која успеа да стигне до една титула во Лигата на шампионите, а три пати го загуби финалето во елитното натпреварување. Заради нејзиниот учинок, Радичевиќ четири пати беше дел од идеалниот тим на ЛШ.
Радичевиќ има постигнато 1141 гол во ЛШ со што е најдобар стрелец во историјата. Рекорд и се постигнатите 97 гола во сезоната 2019/20. Најмногу учества на Ф4-турнирот Радичевиќ има со Вардар, но тогашниот дрим-тим од Македонија ниеднаш не дојде до престижното одличје.
Јованка Радичевиќ го има епитетот на една од најдобрите ракометарки кои некогаш заиграле во Македонија.