Една од најдобрите и најперспективните млади ракометарки во Македонија го засили ЖРК Вардар

Во тек е зимската пауза, ЖРК Вардар се засили со една од најдобрите и најперспективните млади ракометарки во земјава, репрезентативката Беровиќ Таида.

Станува збор за голем потенцијал, за девојка пред која е одлична ракометна иднина. Настапуваше на Европското првенство за кадетките каде беше МВП на одредени натпревари. Нејзиниот квалитет веќе на 17 години е препознаен, играше за младинската селекција, добива повици и за А-тимот на Македонија. На последниот ЕХФ викенд беше одлична за сениорскиот состав и една од најважните алки за освојување на турнирот во Република Турција. Вардар добива одлична опција на левата бековска позиција, квалитетен шутер кој игра на ниво во двата правци.

Репрезентативката покрај за сениорската екипа, може да настапува и за кадетките кои се актуелен шампион на Македонија, каде што Беровиќ ќе соработува со голем број на играчи со кои беше дел од кадетската селекција бидејќи во Вардар има голем број на кадетски репрезентативки.

Зад себе има одлична полусезона во тимот на Металург Автокоманда од каде преминува во вардаровиот состав. Во есенскиот дел запиша 35 погодоци во Суперлигата.