ВИДЕО: Една година од херојскиот подвиг на Вардар и втората титула во ЛШ

Датумот втори јуни има посебно место во срцата на секој фан на Вардар, затоа што пред точно една година „црвено-црните“ приредија историски подвиг и по вторпат ја освоија титулата од Лигата на шампионите. 

Ако во 2017 година имаа тим кој беше зрел за ваков успех, минатата сезона речиси и никој да не очекуваше дека престижниот трофеј повторно ќе биде во рацете на капитенот Стојанче Стоилов. 

Клубот се соочуваше со сериозни проблеми, поголемиот дел од ракометарите веќе го најавија своето заминување, но на крај победи сплотеноста, тимскиот дух и љубовта кон клубот. Прво по епски пресврт беше совладата Барселона, додека во големото финале без многу проблеми поразен беше тимот на Веспрем со 27-24.

  • Потсетете се на ланското финале во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем:

Предводник на тој Вардар беше шпанскиот стратег Роберто Гарсија Парондо, кој по завршувањето на сезоната го напушти Скопје и ја презеде селекцијата ја Египет.