• Иван Димовски
По крајот на ракометниот турнир на Олимписките игри, стандардно беше избрана и најдобра стартна постава, како и најкорисна ракометарка.
Златниот медалист Франција има најмногу свои ракометарки во изборот, со три свои претставнички, додека два има Русија, а по еден претставник добија Норвешка и Шведска. Во изборот, место имаше и за поранешната вардарка од „ѕвездениот“ тим, Полина Кузнецова.
- Најдобриот тим на ракометниот турнир кај дамите:
Голман: Катрин Лунде
Кружен напаѓач: Паулета Фопа
Крила: Лаура Флипес, Полина Кузнецова
Бекови: Ана Виахирева, Грејс Заади, Јамина Робертс
Посебно признание, за МВП како најкорисна ракометарка на турнирот доби предводничката на Русинките, Ана Виахирева. 26-годишната одигра одлични натпревари, често беше најдобра во својот тим и беше движечка сила до среброто.
Покрај неа, признание за најдобар стрелец доби искусната Нора Морк од Норвешка. Со 52 реализации на турнирот, Норвежанката ја победи конкуренцијата, додека втора беше уште една поранешна вардарка, Јованка Радичевиќ.