Единствениот непоразен тим во ЛШ ќе се распадне, причина е – закон за странци!?

Романската ракометна федерација го промени критериумот кога се работи за странците ов нивната лига и го намали бројот на дозволени играчи во ростерот, нешто што најмногу го погоди Динамо Букурешт.

Шампионот на Романија има осум странци надвор од ЕУ во ростерот, па затоа тимот најави бунт и истакна дека одлуката на претседателот Александру Деду е напад на најсилниот колектив во земјата. Во првакот играат двајца Иранци, тројца Тунижани и по еден Египќанец, Бразилец и Босанец.

Од федерацијата истакнаа дека немаат намера да ја менуваат одлуката и дека од следната сезона ќе бидат дозволени максимум три странски ракометари надвор од ЕУ-зоната, што значи дека Динамо Букурешт ќе мора драстично да менува.

Динамо Букурешт е единствениот непоразен тим во ЛШ оваа сезона. Романскиот тим го чека домашен меч со Спортинг Лисабон и доколку победат ќе бидат вториот романски тим во историјата на ЛШ кој играл во ТОП-16 фазата по Костанца.

<<< ПОВРЗАНО -Динамо Букурешт го „среди“ Спортинг среде Португалија и е на чекор од осминафинале во ЛШ